Последните неколку дена според податоците се запленети над 30 илјади парчиња пиротехника и приведени се неколку лица. Паралелно,  Министерството продолжува со превентивни активности за да се спречи употребата на овие средства, информираа портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа, во однос на прашањето дали ќе има дополнителни мерки за употреба на оружје и распрскувачки материјали. 

Во оваа прилика портпаролите потсетија на Законот за прекршоци на јавниот ред и мир, којшто во член 31 предвидува глоба од износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност за оној кој што неовластено пука од огнено оружје, употребува пиротехнички средства и сличен експлозивен или лесно запалив материјал или на сличен начин го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните.