Published: Saturday, May 2, 2015 13:51
Во центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово започна конгресот на ВМРО ДПМНЕ . Конгресот ќе трае два дена, а се очекува реизбор на актуелниот претседател Никола Груевски кој воедно е и единствен кандидат. Во моментов пред делегатите се обраќа Никола Груевски којшто зборува за странските инвестиции, а пред него на конгресот се обратија Љубисав Иванов Ѕинго, претседател на Социјалистичката партија на Македонија, како и министерот за образование Абдулаќим Адеми кој во име на коалициониот партнер ДУИ ги поздрави делегатите.




