Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се одржа протестен марш против дигитализација во образованието

0
By НОВА ТВ Balaban on May 26, 2021 ПОЛИТИКА
фото: mms.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пред Министерството за образование и наука се одржа протестот на родителите од Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“.  Тие се против предлог зконот за дигитализација на учебниците, а  во моментов учесниците на протестниот марш се пред Собранието. Освен во Скопје, протести беа најавени во уште 20 градови во земјава.

Преку транспаренти учесниците на протестниот марш порачуваат дека и натаму се на барањето за референдум, а дека нивните деца ќе ја бојкотираат наставата доколку барањата не бидат прифатени.

Родителите велат дека се за дигитализација на учебниците, но не на начин како што најавува МОН.

– Ова го правиме за подобра иднина на нашите деца.  Може да има дигитализација, ама не целосна како што бараат од Министерството за образование и наука. Има земји кои и по 2 години од воведената дигитализација, повторно им се вратиле на учебниците – изјави пред протестот Драгана Спасевска од Иницијативата. Пред започнување на протестите, Спасевска за НоваТВ изјави дека очекуваат да има двојно повеќе учесници отколку на претходниот протест.

Од оваа Граѓанска иницијатива денеска по втор пат поднесоа иницијатива за организирање референдум на државно ниво на кој родителите ќе се изјаснат за најавените реформи во образованието.

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, пред протестот изјави дека барањата не се поврзани со дигитализација, а дека мора да има промени во образованието бидејќи „ако остане вака, тапкаме во место“.

Царовска и вчера потстети дека дигитализираните учебници од наредната учебна година ќе бидат воведени само во четврто одделение, а сите останати продолжуваат да работат по сегашниот модел.

– Затоа што дигитализацијата не зависи од нашата држава, дигитализацијата зависи од светот кој интензивно ги припрема своите деца да живеат и работат во 21 век. Токму затоа, дигитализацијата е нужна и неопходна и тоа го видовме во времето на пандемија, нагласи Царовска.

 

 

Дигитализација марш протести родители
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.