Ниту дождот не ги поколеба демонстрантите и денеска во шест часот да излезат на протест пред Специјалното јавно обвинителство за да му дадат поддршка, како дел од „Шарената револуција“.

Демонстрантите пристигнаа пред Собранието, а по пат повторно со топки полни со различни бои, дел од нив фрлија по зградата на Министерството за правда, јавува репортерката на НОВА, Маја Јовановска.

Започна шарениот протест, боја врз Министерството за правда

Со свирежи и транспаренти, „Нема да ви помине“, придружени од гласна музика, демонстрантите и денеска бараат итно повлекување на одлуката за аболиција на Иванов, формирање на специјално одделение во судот кое ќе биде надлежно за случаите на СЈО, како и експертска влада која ќе организира фер и демократски избори.