Published: Thursday, February 27, 2014 10:47
Во Кривичниот суд во Скопје во тек е судењето за случајот „Претседавач“, во кој првообвинет е претседателот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ.
Покрај него, во случајот се товарат уште десет лица – членови на Управниот одбор на АД „Машинопромет“, како и лица вработени во УЈП.
Според обвинението членовите на Управниот одбор на АД „Машинопромет“ злоупотребувајќи ја службената положба во два наврати ја намалувал вредноста на стоката во резерва, при што направиле финансиски криминал тежок милион евра.
Шиповиќ во своја одбрана денеска изјави дека нема штета за државата ниту пак некој од управниот и надзорниот одбор на фирмата се стекнал нелегално со средства при продажба на имотот на Машинопромет.




