Конкурсот за избор на нови членови на Комисијата за лустрација трае до среда. Иако СДСМ најави дека нема да предложи кандидати за новиот состав сепак, Чедомир Дамјановски се надева на подршка на либералите на Ивон Величковски.
Во игра е и Томе Аџиев, а како што објави 24 Вести, документи веќе поднела и поранешната пратеничка на ЛП, Ристана Лалчевска. Од процесот на лустрација немаат намера да се откажат ниту од ДПА. Со тоа, и покрај фактот дека СДСМ нема да даде легитимитет, процесот ќе има поддршка од други опозициски партии.
Без СДСМ во Собранието нема двотретинско мнозинство за избор на нови членови на Комисијата, но ако не помине, законот овозможува по вторпат да се гласа со просто мноизинство. Мандатот на Комисијата за лустрација истекува на 15-јануари.
Лустраторите беа избрани едногласно во 2009-та, а нивната работа низ целиот процес ја следеа многу котраверзности.




