Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Започнаа подготовките за реконструкција на Универзална сала – Скопје

0
By Marija Todorovska on February 14, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 14, 2024 16:04

По неколкумесечните натегања околу предавањето на проектната документација од Град Скопје на Министерството за култура, денес започнаа работите околу расчистување на шутот во и околу Универзална сала. Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во неколку наврати и јавно апелираше до Град Скопје да го изврши предавањето на целосната документација поврзана со реконструкцијата на Универзална сала, за конечно денес да се започне со чистењето на шутот и отпадот по што ќе започнат градежните работи.

Реконструкцијата која ја започна поранешниот градоначалник Петре Шилегов во 2021 година и беше во застој од доаѓањето на Данела Арсовска на градоначалничката функција.

Три месеци откога дојде на местото градоначалничка на град Скопје, Арсовска излезе на прес конференција пред Универзална сала и тоа крајот на февруари 2022 за да го изнесе ставот дека проектот за изградба на Универзална сала е небезбеден и дека треба да биде стопиран, додека Асоцијацијата на архитекти на Македонија на чело со Мишко Ралев, остана на ставот дека тоа е политичка одлука на градоначалничката донесена без факти и аргументи. На изјавата на Арсовска реагираше фирмата проектант „Мегарон инженеринг“, која кажа дека проектот е безбеден и сите измени се одобрени од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС).

Нова разврска случајот Универзална сала добива во ноември, 2022 година министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, изјави дека има целосна согласност од градоначалничката Данела Арсовска за реконструкцијата на  Универзална сала целосно да ја преземе Министерството за култура.

Во јануари оваа година, после долги обиди да се преземе документацијата за реконструкцијата на салата, Владата (Министерството за култура) ја презема Универзална сала од град Скопје.

Редакција Трн
министерство за култура Универзална Сала реконструкција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.