Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Започнаа преговорите во резиденцијата на Бејли

2
By Нова ТВ on July 18, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 18, 2016 14:50

Во резиденцијата на амбасадорот на САД попладнево започна нова рунда партиски преговори, каде што пристигнаа претставници на сите четири партии.

На денешната средба нема да присуствува ЕУ амбасадорот Аиво Орав, кој е на консултации во Брисел, туку еден од неговите заменици.

Преговорите се закочени околу ингеренциите на министерот за внатрешни во преодната влада, но и датумот на негово повлекување.

Вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров кој ја преставува ВМРО-ДПМНЕ на меѓупартиските разговори, претходно денеска изјави дека дека очекува да биде постигнат договор на денешната средба.

– Се разговара за ингеренциите на министерот за внатрешни работи и за тоа до кога министрите предложени од опозицијата ќе бидат во Владата. ВМРО-ДПМНЕ бара доколку СДСМ изгуби на изборите, нивните министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика и дополнителните заменици-министри да се повлечат веднаш после изборите, а доколку победи за тоа нема потреба. ВМРО – ДПМНЕ бара оневозможување на масовни партиски промени во МВР односно да нема масовни партиски чистки во МВР, изјави  Тодоров.

Што се однесува до ингеренциите на министерот за внатрешни работи, Тодоров демантираше дека ВМРО – ДПМНЕ бара ресорниот министер предложен од СДСМ да нема никакви ингеренции.

На новинарско прашање дали се возможни избори на 11 декември, Тодоров изрази надеж дека ќе има, но смета дека СДСМ е очајно, бега од договор, како што рече, со цел да избега од избори.

Љупчо Николовски член на Извршниот одбор на СДСМ вчера изјави дека позициите на СДСМ остануваат исти, непроменети и после внатрепартиски консултации викендов.

– Се надевам дека ќе се дојде до договор после вразумувањето на другите учесници во целиот овој процес, особено на ВМРО-ДПМНЕ, рече Николоски.

За спорот околу ингеренциите на министерот за внатрешни работи, Николовски нагласи дека,  согласно законите во Македонија и законот за Влада, со министертвата раководат министрите и не може да се прави исклучок со МВР да раководи некој друг.

– Цврсто ќе стоиме на ставот дека министерот за внатрешни работи, за да ги сноси сите одговорности што ги има, ќе мора да ги има во целост сите овластувања, ингеренции што му се по закон. СДСМ од таа позиција нема да се помести, рече Николовски.

Партиите веќе постигнаа договор за избирачкиот список, за ад хок телото за контрола на медиумите и за главен и одговорен уредник на јавниот сервис.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.