Скопските населби Центар, Карпош и Лисиче, утрово имаат средна загаденост на воздухот со штетните PM10 честички, покажува индексот на загадување на Министерството за животна средина.
Во Тетово утрово е регистрирана висока загаденост со честичките PM 2,5.
Дневната концентрација на овие штетни честички вчера во скопската населба Гази Баба покажа концентрација на ПМ10 честички од 131 микрограми на кубен метар.
Надминување има и кај Ректоратот, а нешто помали концентрации над дозволените има и во останатите скопски општини.