Од 20 до 29 јуни по втор пат во Скопје ќе се оддржи Неделата на гордоста (Skopje Pride Week), која што вклучува серија на настани како изложби, проекции на филмови, дебати, работилници, забави и дискусии.
Настаните на Неделата на гордоста покриваат теми поврзани со правата на ЛГБТИ заедницата, родот и сексуалноста, феминизмот, сексуалното образование, правата на сексуалните работници и лицата кои живеат со ХИВ.
Во рамките на неделата на гордоста ќе се проектираат и филмовите „Врела крв“, „We were here“ и документарецот на Наташа Гелева „Што е парада?“. Централни настани на Неделата на гордоста се отварањето на изложбата „Јазик, идеологија и насилство“, јавната дебата „Pride: провокација или потреба“ и завршниот настан во Паркот на франкофонијата кој ќе вклучува архива на ЛГБТИ активизмот во Македонија. Целта на Неделата на гордоста е да ја зголеми видливоста на ЛГБТИ заедницата, да посочи на насилството и дискриминацијата и да алармира кон институциите на системот да превземат мерки кон нивно надминување.
Целосната програмата за објавување можете да ја преземете овде.
Како во случајот со кампањата „Кажи НЕ на хомофобијата и трансфобијата“ поддржана од јавните личности, уште еднаш би сакале да потсетиме дека ние како граѓански организации се гледаме себе си повеќе во улога на јавни едукатори. Информациите се, секако, првиот чекор во подигнувањето на јавната свест, но за чекор потаму е потребно инволвирањето на медиумите и нивното влијание на јавното мислење и дебата.
Во таа насока би сакале да ве замолиме за медиумско покровителство на Skopje Pride Week 2014 кое би се состоело во поставување банер за манифестацијата на веб-страницата на вашиот медиум во времетраење од 19-ти до 29-ти мај 2014 година. За возврат и во знак на благодарност за вашата заложба и придонес, вашето лого со линк до вас ќе биде поставено во засебна секција медиумски покровители на веб-страницата на Националната мрежа за борба против хомофобијата и трансфобијата.




