Published: Friday, November 15, 2013 09:09
Денеска започнува судскиот процес на актерот Кирил Поп Христов. Тој заедно со неговиот брат, кој е недостапен и според информациите во Грција, се обвинети дека во семејната куќа во скопско Визбегово одгледувале насади со марихуана.
Здравствената состојба на Кили беше причина да биде пуштен во домашен притвор после два месеци. Неговиот адвокат потврди дека доставил лекарска документација со дијагнозите на актерот и со неопходноста од лекарски третман, но очекува денеска на самото рочиште да добие информација дали ќе почне судењето, со оглед на здравствените проблеми.
Поп-Христов со полициска придружба ќе го донесат во судница, освен ако судот претходно не извести дека процесот е одложен.




