Случката за НоваТВ ја потврдија од СВР Тетово и најавија официјална информација за случајот.
Пациентка заразена со ковид-19 избегала преку прозорец од болницата во Гостивар, каде е хоспитализирана, но набргу потоа била вратена назад на одделението.
Случката за НоваТВ ја потврдија од СВР Тетово и најавија официјална информација за случајот.
Неколку медиуми ја пренесоа оваа вест, објавувајќи и фотографија како едно лице излегува низ прозорец од болницата.
Во Гостивар има повеќе од илјада активни случаи на ковид-19, а нивниот број, за жал, и натаму се зголемува.
Според последните податоци, во Скопје има 5392 активни случаи, во Куманово 892, Прилеп 239, Тетово 2016, Битола 258, Велес 214, Гостивар 1221, Кавадарци 195, Охрид 423, Штип 184, Струмица 693, Струга 518, Кочани 120…
Надлежните апелираат за вакцинација поради се поголемиот број хоспитализирани лица во земјата.
Вчера имаше пријавено 299 заразени со коронавирусот, а 32 лица починаа.