Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Засега Национален сертификат и апликација CommonPass, наскоро и Зелен пасош за патување во ЕУ

0
By Sashko on August 5, 2021 ВЕСТИ
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во земјава расте бројот на заразени со ковид-19. Во текот на вчерашниот ден се регистрирани 164 нови случаи со вирусот од направени 5.276 тестирања. Трицифрена бројка на инфекции на дневно ниво беше регистрирана кон средината на мај. Најголем дел од новите случаи се пријавени од Тетово – 60, од Скопје – 34, од Гостивар – 21, од Куманово и Битола по осум, итн. Регистрирани сe 18 оздравени пациенти и три починати лица во болнички услови.

Бројот на активни случаи во моментот изнесува 770, од кои најмногу во Тетово – 229, по што следи Скопје со 221, Куманово со 72, Гостивар со 68, Битола со 34, Струмица со 21, итн.

Според последниот извештај на Министерството за здравство (МЗ), неколку општини се без активни случаи на ковид-19. Тоа се: Дојран, Македонска Каменица, Македонски Брод, Кратово, Демир Капија, Демир Хисар, Крушево, Богданци, Пробиштип, Виница, Крива Паланка, Ресен и Неготино.

За граѓаните од вчера е достапна апликацијата за CommonPass, сертификат за патување во странство. CommonPass е унифициран дигитален сертификат кој се презема од Google Play Store/App Store, со кој се потврдува вакциналниот статус на секој граѓанин. Со овој сертификат во моментот може да се патува во САД и Канада, каде и најмногу се користи.

Покрај патувањето и доказ за вакцинација, со CommonPass граѓаните во овие земји можат непречено да се движат и функционираат во услови кога има одредени рестрикции и забрани за невакцинираните.

Од ресорното Министерство посочуваат дека за преземање на овој сертификат, граѓаните треба да се најават на веб-страницата vakcinacija.mk , во својот личен профил можат да го најдат националниот сертификат со QR код за примена вакцина. Системот потоа дава опција за внесување на број на валидна патна исправа. Откако ќе се внесе бројот на пасошот, се креира автоматски CommonPass, а за да се креира дигитален CommonPass потребно е преземање на мобилната апликација „CommonPass“ oд Google Play Store/App Store. По симнување на апликацијата, таа ќе побара да се внесе активацискиот код CPNMKD, а потоа апликацијата ќе побара да се скенира QR кодот од CommonPass сертификатот, кој веќе граѓаните го имаат симнато на компјутер.

Министерството за здравство им нуди повеќе опции на вакцинираните граѓани за патување во странство. Освен националниот сертификат со QR код, сега имаат можност да патуваат во САД и Канада и со CommonPass, а веќе од следната недела ќе биде достапен и Зелениот пасош за патување во ЕУ. Како што укажуваат, независно од сите сертификати кои ќе бидат обезбедени за нашите граѓани, секоја земја, согласно епидемиолошката состојба, има право да воведе дополнителни рестрикции за влез или движење.

Здравствените власти и понатаму апелираат за почитување на мерките за заштита од ковид-19 и граѓаните да се вакцинираат. Досега во земјава се вакцинирани вкупно 519.106 лица.  Според податоците од МЗ, во земјава се аплицирани вкупно 920.442 дози вакцини, а ревакцинирани се 401.336 граѓани.

Со последните бројки, барем една доза на анти-ковид вакцина имаат примено 64 проценти од населението над 70 години, 62 отсто од лицата над 65 години, 57 проценти од оние над 60 години, како и 45 отсто од лицата над 50 години, информираат од МЗ.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктовите низ државата, а непречено се одвива и процесот на теренска вакцинација со ротации на медицинските екипи во руралните населени места. За закажување за вакцинирање на деца отворен е сајтот vakcinacija.mk.

Од почетокот на епидемијата, во земјата досега се направени вкупно 994.490 тестирања на ковид-19. Вкупниот број на ковид-дијагностицирани лица изнесува 156.707, бројот на оздравени пациенти е 150.440, а на починати е 5.497.

CommonPass Зелен пасош Ковид-19 Македонија МЗ Национален сертификат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025

Папата прогласи 15-годишник компјутерски специјалист за светец

September 7, 2025

Двајца тешко повредени при уривање на покрив на супермаркет во Германија

September 7, 2025

Хеликоптер се урна во Минесота, нема преживеани

September 7, 2025

„Правда за жртвите” – масовен протест во Атина за железничката несреќа кај Темпи

September 6, 2025
ФОКУС

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

ВЕСТИ September 5, 2025

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес за време на посетата на Еквадор изјави дека САД…

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025

Папата прогласи 15-годишник компјутерски специјалист за светец

September 7, 2025

Двајца тешко повредени при уривање на покрив на супермаркет во Германија

September 7, 2025

Хеликоптер се урна во Минесота, нема преживеани

September 7, 2025

„Правда за жртвите” – масовен протест во Атина за железничката несреќа кај Темпи

September 6, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.