Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Засега нема хонорари над 9.590 денари за јануари

0
By Нова ТВ on January 27, 2015 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во најдолгиот месец од годината, хонорарците што земаат надомест поголем од 9.590 денари, ќе останат без примања. Од авторската агенција „Берин“ велат дека од ПИОМ добиле известување, во кое се бара од нив да не исплаќаат хонорари поголеми од 9.590 денари сè додека на интернет-страницата не биде објавено известување за тоа како ќе се вршат пресметките, јавува новинската агенција МЕТА.

Причината за ова, како што стои во известувањето, е некоординираноста на Министерството за труд и социјална политика, ПИОМ и УЈП за новиот закон со кој е предвидено и хонорарците да плаќаат пензиско и инвалидско осигурување.

– Ни рекоа да почекаме затоа што има некои нејаснотии. Начинот на исплата е дефиниран, но, еве, и по неколку месеци откако е донесен законот, пресметката лебди во воздух. Ние од агенциите тогаш реагиравме со допис до надлежните министерства и им укажавме на можните проблеми, ама никој не сакаше да преземе нешто и тоа да се спречи. Затоа сега редовно ќе земат хонорар оние луѓе кои имаат побарување помало од минималната плата, но сите со износ поголем од 9.590 денари можеби ќе треба да почекаат. Тоа создава недоверба кај нашите клиенти иако ние не сме виновни за овие пропусти на надлежните институции – велат од „Берин“.

Ако државните институции сè уште не се координирани, зашто брзаа законот да почне да се применува од први овој месец, прашавме во Министерството за труд и социјална политика и во Министерството за финансии, но не добивме одговор. Прашања испративме и во ПИОМ, но никој досега не одговори на нив.

Претседателката на Синдикатот на новинари, Тамара Чаусидис, вели дека со ова се покажува дека бил точен нивниот став оти овие законски измени ќе се прекршат врз грбот на работниците. Според неа, тоа се лажни социјални мерки и веќе на почетокот се гледаат нивните ефекти, отпуштање работници, намалување хонорари, а сега, затоа што институциите не можат да го администрираат овој закон, граѓаните ќе останат без примања.

– Уште еднаш повторуваме и бараме примената на законските измени да се стопира. Ако не сакаат да го направат тоа во интерес на работниците, нека го направат поради неможноста на институциите да го администрираат, само нека го направат! Автентичните синдикати можат да им помогнат да се дојде до решение, но за тоа да биде можно, потребно е да се стопираат овие несреќни измени и да се влезе во расправа со сите засегнати страни, а не од позиција на сила да се наметнуваат решенија што и самите институции не можат да ги спроведат – вели Чаусидис.

Со овој став се согласува и Здравко Савески од левичарското здружение „Солидарност“. Тој вели дека законот треба да се одложи затоа што, очигледно, институциите немаат капацитет да го спроведат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

ВЕСТИ November 10, 2025

„ИПАРД 3 е програма за периодот 2021–2027, чија цел е модернизација на земјоделството, развој на…

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.