Published: Monday, May 18, 2015 14:50
Се подготвува просторот вечерашниот собир на ВМРО ДПМНЕ на потегот пред Собранието на РМ.
За потребите на настанот што ќе се случува вечерва во 20 часот, синоќа беа исечени семафорите пред „Триумфалната порта“.

Денеска пак, беше поставена метална заштитна ограда.

Заштитната ограда ја дели улицата пред Собранието од Жена парк, за присутните да бидат оневозможени да го напуштат просторот до завршувањето на митингот и како што велат некои од луѓето што работат таму да не се гази зеленилото во жена парк.
Не с е знае каде ќе стојат возилата на Итна медицинска помош и како преку оградата ќе стигнат до некој од граѓаните доколку му се слоши.
Поради вечерашниот собир на ВМРО ДПМНЕ од утрово затворени се и улиците во центарот на Скопје.




