Денеска е последниот ден на кој движењето на отпорот предводено од „Сојузот за иднината“ ќе блокира три крстосници во оваа форма во Скопје.

Следната недела активностите ќе се засилат на територијата на цело Скопје, со организирање секојдневен протестен караван, најави Гордан Георгиев, потпретседателот на СДСМ на денешните протести на опозицијата во Скопје.

– Почнувајќи од недела, со почеток во 12 часот ќе организираме „Караван на отпорот“, кој ќе се движи по улиците на цело Скопје. Карванот ќе го започнеме во Аеродром, пред спортската сала „Јане Сандански“, ќе трае еден час, а ќе заврши пред зградата на Владата на Република Македонија, изјави Георгиев.

Активностите на отпорот предводени од „Сојузот за иднината“, нагласи, се повеќе ќе се засилуваат, се додека власта не сфати дека „политичката криза мора да се реши со политички договор и предвремени парламентарни избори“.