Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Засолниште не е само историја и литература, сега е и реалност- реномираниот бугарски автор Георги Господинов во Скопје

0
By Соња Крамарска on December 2, 2022 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По фантастичниот меѓународен успех со романот „Засолниште во времето“ како и по многуте гостувања и промоции ширум Европа, реномираниот бугарски писател, поет и драматург Георги Господинов (1968) дојде и во Скопје. За промоцијата на книгата која лани излезе во превод и на македонски, во издание на „Или-Или“ во кино „Фросина“ дојдоа многу гости и почитувачи на неговото дело, зашто неговите романи од преводната литература се меѓу најчитаните во Македонија.

„Бугарскиот Џорџ Орвел“, како што Господинов го нарече британскиот весник „Тајмс“, е најпреведуваниот бугарски современ писател, чии книги досега се преведени на повеќе од дваесетина јазици. На македонски се објавени: „Природен роман“(Темплум, Или-Или), „И други приказни“ (Темплум), збирката песни „Балади и распади“ (Блесок), како и неговиот најуспешен роман, „Физика на тагата“ (Или-Или, 2015) , и збирките раскази „И сè стана месечина“ (Или-Или, 2017) , „Сите наши тела“ (Или-Или, 2019).

Неговиот првенец „Природен роман“ (1999) е најпреведуваната бугарска книга по падот на комунистичката диктатира во 1989 година. Анимираниот филм според неговиот краток расказ „Слепата Вајша“ (2001) на доделувањето на Оскарите во 2017 година беше номиниран за најдобар краток филм. Англискиот превод на „Засолниште на времето“ во 2021 година ја доби реномираната италијанска литературна награда Премија Стрега.

На бугарски, „Засолниште на времето“ е игра на зборови со зборот „противвоздушен бункер“, „засолниште од бомби“.

„При изборот на насловот стравував дека припадниците на младата генерација можеби воопшто нема да знаат што е противвоздушен бункер. Тогаш наивно верував дека овој збор во меѓувреме е само дел од историјата и литературата. Сега е можно да стане збор на годината“, изјави писателот во интервју за „Дојче веле“.

Во својот роман „Временско засолниште“, бугарскиот автор слика еден свет во кој луѓето бараат прибежиште во минатото. Првобитно замислената терапија за заболените од Алцхајмер и деменција, станува дистопија: во една европска земја со референдум е избрана една деценија во која сите сакаат да се вратат. На крајот на романот, тоа води кон избувнување на Трета светска војна.

Оливера Ќорвезироска, која заедно со Калина Малеска синоќа ја промовираше книгата, ќе истакне дека станува збор за раскошно книжевно писмо.

„Пишувам во несигурното прво лице за да бидам сигурен дека сум жив, пишувам во скривницата на третото лице – за да бидам сигурен дека сум тродимензионален и дека имам тело“, вели Господинов во романот.

Извор: Независен 

 

бугарски автор Георги Господинов Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.