Поради проблеми на српската страна од граничниот премин Табановце, има долга колона од камиони и нивното поминување на границата се одвива многу бавно.
Автомотосојузот на Македонија соопшти дека нема застој во сообраќајот за патничките возила.
Сообраќајот на сите државни патишта во републиката се одвива по претежно суви и чисти коловози. Поради ниските температури можна е појава на голомразица на повисоките и осојничави места.
Поради појава на магла е забележана намалена видливост во Кичево до 60 метри и во Градско до 30 метри.
АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација. Особено да се внимава на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.




