Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Затемнувањето на порталите ја разбеснe власта

0
By Нова ТВ on May 2, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 2, 2013 18:38

Министерството за информатичко општество, но и владејачката партија ВМРО ДПМНЕ во две одделни соопштенија испратија таканаречена реакција чиј предмет е повикот на Синдикатот на новинари и медиумски работници утре, на светскиот ден на слободен печат, порталите да ги затемнат 24 часа своите страници во знак на протест поради новиот закон за медиуми кој претендира да го регулира и интернет просторот.

Прва се јави партијата, а потоа и министерството. ВМРО ДПМНЕ го обвинува синдикатот дека е продолжена рака на СДСМ и дека

-Т.Н. Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници, предводен од Тамара Чаусидис, очигледно е дека единствената своја самостојност ја има исклучиво во својот назив. На целата јавност во Македонија и е кристално јасно дека овој т.н. синдикат не е ниту самостоен, ниту независен. Тој од ден на ден станува се повидлив продолжеток на СДСМ за манипулација врз јавноста, пишува во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

-Г-ѓата Тамара Чаусидис и нејзините пријатели отфрлаат закон кој сеуште не е донесен, закон за кој што се спроведуваат сите најшироки и најтранспарентни постапки во неговото донесување. Во спроведување на постапката досега, а и од сега, се вклучени и ќе бидат вклучени, огромен број на луѓе, институции, организации, медиуми, а со нивните мислења сугестии, предлози и забелешки во континуитет се подобрува текстот на овој предлог закон. Овој т.н. синдикат отфрла предлог закон кој долг период се подготвува во целосна координација со експерти од Македонија и новинари, но и експерти од ЕУ, тврдат ВМРО ДПМНЕ.

Во реакцијата на Министерствот за информатичко општество се вели дека новиот закон за медиуми е правен согласно европските директиви, а тие ги отфрлаат сите забелешки на Синдикатот дека постои опасност од цензура на интернет.

-Министерството за информатичко општество и администрација уште еднаш потсетува дека во Нацрт-законот се вградени сите европски директиви (начела и дефиниции), кои претставуваат стандарди во европските земји.
Дезинформациите кои се пуштаат во јавноста преку одредени медиуми, како и повикот на

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници до информативните веб-сајтови да ги „затемнат“ на еден час „во знак на протест поради опасните тенденции со нов закон за медиуми да се внесе информативен мрак на интернет“, само штетат на процесот на јавната расправа која е во насока на донесување на квалитетен Закон за медиуми, кој ќе ја подобри медиумската област во Република Македонија, се вели во реакцијата на Министерството за информатичко општество.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 17, 2026

43-тиот кочански марш за Ангелите се случи во Виница

ВЕСТИ May 17, 2026

Неверојатно е како во оваа држава секој знае што не направил ама никој не чувствува…

И Виница во протестниот марш на кочанските родители за правда за ужасот во „Пулс“

May 16, 2026

СДСМ: Нов скандал – нова бомба: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф, омилената фирма на власта

May 16, 2026

Дописничката од Белата куќа Емили Гудин: Сѐ што добивме од Кина заврши во ѓубре уште пред да се качиме во претседателскиот авион

May 15, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.