Published: Friday, February 14, 2014 21:00
Најмалку 14 ученици се отруени од непознат гас, во средното економско училиште во Гостивар јавува Порталот Алмакос, од непотврдени извори.
Околу 15 часот непознат сторител во внатре во училиштето фрлил непознат гас, кој допринел да се отрујат 14 ученици и неколку професори.
Поради тешката здравствена состојба 11 ученици се испратени во Клиниката за токсикологија во Скопје.
Екипи од Секторот за внатрешни работи излезени се на терен и работат на откривање на случајот.




