Рестораните Мек Доналдс низ Македонија се затворени. Според надлежните институции тие не стојат зад затворањето на рестораните. Инститиците упатуваат одговорот да се бара во компанијата.
Со “Мек Доналдс“ во Македонија менаџира М6, фирмата во доминантно мнозинство на Свето Јаневски. Компанијата М6 е сопственик на винаријата “Тиквеш”.
Од оваа компанија нема соопштени зошто се затворени рестораните на Мек Доналдс.
Како што јави порталот лидер.мк на еден од рестораните кои од утрово се затворени на вратата бил истакнат натпис “Интерни причини”.