Синоќа на полноќ заврши рокот за пријавување на кандидати на членови и претседател на Комисијата за верификација на фактите, чиј мандат истекува на 15 јануари.
Досега на огласот се јавиле 23-ца кандидати, меѓу кои се Јанаќи Витановски, поранешен член на комисијата по предлог на СДСМ и Ристана Лалчевска, поранешен пратеник од Либерална Партија. Двајцата се пријавиле за функцијата претседател на Лустрациска, а во игра е и досегашниот претседател Томе Аџиев.
Витановски, заедно со Благоја Гешовски, како лустратори предложени од СДСМ пред една година поднесоа оставки затоа што не се согласуваа со начинот на функционирање на комисијата, а Собранието нивните оставки ги усвоени дури минатиот месец.
Лустраторите беа избрани едногласно во 2009-та, а нивната работа низ целиот процес ја следеа низа котраверзи.




