Парична казна или до една година затвор за директорот или за лекарот доколку не ја снима хируршката интервенција- ова се казните во новиот правилник според кои е задолжително видео снимање на операциите.
Регулативата почнува од 15 септември, а директорите на Клиниките или болниците ќе бидат задолжени на докторите да им овозможат снимање на следниве операции: лапароскопски, едноскопски, роботската хирургија, но и оние каде што има вградени камери во опремата.
Видео снимките, освен за архивски потреби, би служеле и за утврдување на лекарски грешки, но и за образовни цели на Медицинскиот факултет и унапредување на вештините и знаењата на докторите.
Сепак, регулативата дозволува да се исклучат камерите во случај ако тоа го побара пациентот.