Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зависта си има споменик

0
By Zoran Ivanov on June 12, 2026 УДАРНО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 12, 2026 17:22

Бенита Белешкова: Пред повеќе од еден век, на писателот Елин Пелин му ја припишуваат мислата дека ако во Бугарија се роди гениј, тоа ќе биде генијот на зависта. Не знам дали навистина го кажал тоа. Искрено, не ме интересира. Мене повеќе ме фасцинира еден друг факт.

Во Хасково е подигнат Споменик на зависта.

Не е тоа обичен споменик. На него е прикажан човек со крилја кој се обидува да полета, додека две огромни раце, невидливо доаѓајќи одзади, му ги држат крилјата и не му дозволуваат да се издигне.

Кога првпат ја видов фотографијата, помислив дека конечно ја разбирам македонската европска интеграција.

Три децении Македонија се подготвува за лет. Ги менува законите, институциите, знамињата, учебниците,уставот па дури и сопственото име. Секогаш кога ќе се залета кон пистата, од некаде се појавуваат две нови раце кои ја потсетуваат дека сè уште не е време за полетување.

Иронијата е што споменикот не се наоѓа во Македонија.

Но симболиката совршено ја опишува нашата судбина.

Затоа што најголемата трагедија на еден народ не е кога нема крилја.

Туку кога има крилја, а некој упорно стои зад него и не му дозволува да ги рашири.

П.С. Но би било нечесно целата приказна да заврши со прст вперен кон другите. Зашто најтешките оловни раце што ги држат крилјата на Македонија да не полета не треба да ги бараме надвор од неа.

Тие се тука, меѓу нас. Ги препознаваме во непотизмот што го наградува роднинството наместо способноста. Во корупцијата што ја претвора државата во приватен плен. Во партизацијата на институциите. Во нефункционалното здравство и образование. Во купените дипломи и изгубените критериуми.

Во лажниот патриотизам што најгласно ја сака Македонија додека најмногу ја оштетува. Во анти-ЕУ кампањите што нудат гнев наместо решение. Во урбаната мафија што ги бетонира и просторот и иднината.И во многу други аномалии …

Да, има раце што нè влечат назад однадвор. Но има оловни раце што нè држат за крилјата одвнатре. И ако сакаме еден ден навистина да полетаме, ќе мора да се ослободиме од најтешките првин.

Зашто, на крајот, најголемите битки на една држава не се оние што ги води со соседите.

Туку оние што ги води со сопствените слабости.

Од главата си патиме!”

Извор: Фејсбук

 

бенита белешкова став
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.