Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заводот за рехабилитација под клуч – државата набавува 20 000 тестови за Ковид-19

0
By Менче Атанасова Точи on March 30, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 30, 2020 19:25

На пат кон државата се 20 000 тестови за испитување на Ковид -19 и уште 5000 тестови се донација од приватна лабораторија каде што ќе се вршат тестирањата. Казни за сите банки кои не ги почитуваат препораките и пред нивните објекти има редици и хаос од луѓе

Се затвора Заводот за рехабилитација во Козле каде што беше хоспитализиран пациент на кој му беше дијагностициран Ковид 19, резултите од тестовите покажале дека со короновирус се заразиле 8 медицински лица и двајца пациенти, информира министерот за здравство Венко Филипче,

„Во Заводот за физикална медицина тестирани се 46 вработени и 6 пациенти. Позитивни се 8 медицински лица и двајца пациенти. Денеска се тестирани уште 16 пациенти, резултатите гои очекуваме. Заводот нема да работи во следниот период , а лицата кои имаат потреба од таков вид медицинска услуга ќе може да ја добијат во Болницата „8 Септември““, рече Филипче.

Заводот денеска функционираше, дел од вработените не доаѓаат на работа, се во самоизолација, а министерот најави дека по земањето на тестовите на сите кои што е потребно институцијата до крајот на неделата ќе биде ставена под клуч.

Утрово на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина еден пациент на 79 години, од Дебар. Пациентот е дијагностициран позитивен на Ковид-19 на 23 март, а со влошена здравствена состојба хоспитализиран на клиниката во Скопје на 25 март. Со ова бројот на починати се зголеми на 7 лица. Пикот на вирусот се очекува за еден месец, а надлежните се надеваат дека линеарно ќе биде зголемувањето на бројот на заболени, како и досега.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 26 нови случаи на коронавирус во земјата, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во земјата изнесува 285 лица.

Филипче информира дека на уште една жена која починала викендов во болницата во Струга посмртно и е земен материјал за тестирање, бидејќи не била дијагностицирана со Ковид 19, но ги имала истите типични спмптоми, а потоа доколку се докаже болеста ќе се види како ќе се постапува со луѓето со кои била во контакт.

Во болницата во Охрид е назначен нов директор, Горан Балевски, завршил инспекцискиот надзор но, сеуште се прават анализи.

„Да ги почекаме конечните резултати, се проверува целокупната документација. Има докази за одредени пропусти во однос на пациентката од Струга која почина, а не била примена на инфективното одделение во болницата во Охрид“, рече Филипче.

Министерот најави увид и во медицинската докумeнтација на31 годишното момче кое што почина вчера на Инфективната клиника. Неговата смрт предизвика загриженост но и сомнеж кај граѓаните, со оглед на тоа што немал претходни заболувања, а тие што го познаваат велат дека немал ниту значителна прекурна тежина.

Добра вест, рече Филипче, е што денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се испишани 9 пациенти (8 од Дебар и 1 од Скопје) кои на два контролни теста на Ковид-19  имаа негативен резултат. Нивната здравствена состојба е добра и тие заминаа дома.

„На Инфективната клиника се хоспитализирани 45 пациенти, 8 се на репиратор, а 9 на кислородна поддршка. И пациентите во друготе болници во државата се во добра состојба со слаба клиничка слика“, изјави Филипче. Од денеска започна да функциорира и пунктот за земање на брисеви во поликлиниката Чаир, а од среда ќе започне и во Млин Балкан.

До крајот на недела ќе започне да функционира и мобилната болница пред Инфективна клиника со капацитет од 130 кревети. Со ова и со целокупниот капацитет на клиниката со 110 легла кој е целосно резервиран само за болните со Ковид 19 ќе има доволно место доколку се зголеми бројот на заболени, посочи министерот.

Тој најави дека на пат кон државата се 20 000 тестови за испитување на Ковид -19 и уште 5000 тестови добиени како донација од приватна лабораторија каде што ќе се вршат тестирањата. Дневно се прават меѓу 200 и 300 тестови во ИЈЗ, 30 во Ветеринарниот институт и по 30 во трите лаборатории за кои Комисијата за заразни болести денеска одлучила дека ќе можат да се приклучат во тестирањето. Министерот се заблагодари на донацијата од 7 милиони евра обезбедена од евроамбасдарот Самјуел Жбогар.

На прашање на НОВА дали државата ќе воведе ред пред банките бидејќи сами очигледно не можат да го сторат тоа, Славјанка Петровска, заменик министерка во МВР која присутвуваше на прес конференцијата одговори:

„Го видовме хаосот и редиците пред банките. МРВ не може да испрати свои службени лица таму бидејќи се потребни на други места, но ќе има казни за сите оние кои што не ги почитуваат препораките“, најави Петровска.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026Updated:August 15, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

ВЕСТИ August 15, 2026

Македонската репрезентација забележа одличен настап на Балканското првенство во Планински велосипедски маратон – МТБ, што…

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.