Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заврши мандатот на Андерс Фог Расмусен како Генерален секретар на НАТО

0
By Нова ТВ on September 26, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Андерс Фог Расмусен, денеска се збогуваше со Северно-атлантската алијанса, со оглед на тоа што му заврши петгодишниот мандат и од 1-ви октомври ќе биде заменет со норвешкиот премиер Јенс Столтенберг.

По денешната церемонија во седиштето на Алијансата, Расмусен оствари средба и со Северно-атлантскио совет (НАК), каде во неговото последно обраќање до амбасадорите на земјите-сојузници во НАТО, им порача да ја штитат безбедноста и да ги бранат вредностите под знамето на НАТО.

Расмусен им се заблагодари на амбасадорите и делегациите на 28-те сојузници, како и на сите членови на меѓународниот секретаријат на НАТО и на меѓународниот воен штаб за нивната посветеност, професионалност и одлична тимска работа за време на неговиот мандат.

Својот мандат, пак, данскиот политичар го опиша како “најактивни и најпредизвикувачки години за НАТО”. Тој истакна дека способноста на Алијансата да се промени и да се прилагодува е она што ја прави толку силна.

– Ние го зајакнавме НАТО да биде поподготвен, побрзо и пофлексибилно, истакна Расмусен.

Данецот Расмусен беше 12-тиот генерален секретар на Алијансата и оваа функција ја презеде на 1-ви август 2009 година. Во својата кариера пред да дојде на чело на НАТО, како дипломиран економист во периодот од 2001 до 2009 година беше премиер на Данска, и претседател на данската Либерална партија. Претходно, тој минувал низ структурите на партијата, а од 1987 до 1992 година бил и министер за оданочување, како и министер за економски прашања на Данска, а одреден период и член на данскиот парламент.

Меѓу позначајните моменти што му се препишуваат е одлуката за повлекување на трупите на Алијансата од Авганситан, што ќе заврши до крајот на оваа година. Иако немаше директна вмешаност во Арапската пролет, Алијансата со Расмусен даваше поддршка за воведувањето на мир и демократија во Либија.

Расмусен ќе остане запаметен по тоа што бараше од земјите-сојузници да инвестираат повеќе во одбраната, како и по тоа што со неговото секретарување се случи да се доведе под знак прашалник и партнерството со Русија, што се случи поради ситуацијата со Украина, која мина со негови закани дека не е дозволиво мешање на Русите во внатрешните односи на земјите-соседи и дека НАТО силно ќе ги брани своите граници.

Во однос на Македонија, познато е дека тој неколку пати потенцираше дека “Македонија ќе влезе во НАТО, откако ќе го реши спорот за името со Грција”. Во однос на македонските интеграции во Алијанстаа, познато е и дека Расмусен повеќепати повтори дека пресудата на Меѓународнио суд на правдата не може да влијае на НАТО бидејќи “организацијата има свои правила на носење на одлуки”.

Андерс Фог Расмусен функцијата генерален секретар на НАТО ја презема од холандскиот генерал Јап де Хоп Шефер, а ќе биде наследен од премиерот на Норвешка, Јенс Столтенберг.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025
ФОКУС

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

ВЕСТИ October 10, 2025

Нобеловиот комитет соопшти дека добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година е венецуелската…

Израелската влада го одобри договорот со Хамас

October 10, 2025

Трамп: Ја завршивме војната во Газа

October 9, 2025

Скопје: Втор ден Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет

October 9, 2025
ТИКЕР

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.