Јапонскиот ски-скокач Рјоју Кобајаши е победник на турнејата „Четири скокалници“. Тој, вечерва во Бишофсхофен, на последниот натпревар од Турнејата го освои петтото место, што му беше доволно да биде вкупен победник.
Инаку, триумф во Бишофсхофен прослави Даниел Хубер од Австрија со скокови од 136,5 метри, односно 137 метри што му донесоа вкупно 286,8 бодови. Ова е прва победа за Хубер во Светскиот куп.
Второто место му припадна на Хелвор Егнер Гранеруд од Норвешка со скокови 136,5 и 136 метри и 282,4 бода. Трет беше Карл Гајгер од Германија со 140,5 и 132 метра и 281,9 бода.
Генерален пласман на Турнејата:
1. место: Рјоју Кобајаши – 884,5 бодови
2. место: Мариус Линдвик – 866,6
3. место: Егнер: Гранеруд – 845,8
4. место: Маркус Ајзенбихлер – 842,4
5. место: Карл Гајгер – 841,7.