Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заврши парламентарната расправа за измените на Изборниот законик, Левица и Европскиот фронт нема да ги гласаат

0
By Marija Todorovska on June 17, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратениците денеска ја завршија општата расправа за измените и дополнувањата на Изборниот законик, а гласањето, како што соопшти потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски, дополнително ќе се изврши. Измените се носат на пет месеци пред следните локални избори.

Предлогот, кој се носи по скратена постапка, го поднесоа координаторите на пратеничките групи од владејачкото мнозинство и опозициската СДСМ Беким Ќоку, Бобан Карапејовски, Бојан Стојаноски, Ѓорѓија Сајкоски, Никола Мицевски и Оливер Спасовски, додека Европскиот фронт и Левица се изјаснија дека нема да го поддржат.

Амар Мециновиќ од Левица рече дека политичките процеси не се еднострани, додека Блерим Беџети од Европскиот форнт смета дека измените се правеле скриено. Забелешки имаше и за неприфаќањето на предлозите сега да се стави предлогот за една изборна единица, додека Беџети критикуваше дека не се прифатени сите забелешки на ОБСЕ/ОДИХР.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски рече дека измените им биле дадени и на Еропскиот фронт и на Левица пред тие да бидат поднесени, но дека од нив немало одговор.

-Ако сега не ги донесеме овие измени на закон таа правна празнина ќе остане, и вие очигледно не сакате незвисни листи да се кандидираат на овие избори. И сега повикувате да има вклученост на сите заинтересирани во изборите. Повикувате сите да се кандидираат, ама не дозволувате таа правна празнина да се покрие, рече Мицевски.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ рече дека сите измените се во согласност со забелешките на ОБСЕ/ОДИХР, додека во однос на предлогот за една изборна единица и нов изборен законик, рече дека има формирано работна група во Министерството за правда, како и дека ВМРО-ДПМНЕ е за една изборна единица и за гласање на дијаспората.

Како што се наведува во предлог измените, законското решение е во насока на подобрување на изборниот процес и обезбедување на еднакво, демократско и слободно избирачко право, како и постапување по препораките на Мисија за набљудување на избори за претседателските избори на 24 април, како и за парламентарните избори на 8 мај 2024 година и истовремениот втор круг од претседателските избори на ОДИХР.  Преку предложените законски измени се имплементираат дел препораките од Конечниот извештај на Мисијата на ОДИХР за набљудување на избори.

Препораките на ОБСЕ/ОДИХР ќе бидат основата за измените на Изборниот законик, рече министерот за правда Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција.

Овие законски измени и дополнувања предвидуваат усогласување со одредбите од Законот за медиуми во однос на интернет порталите.

Исто така со овие предлог измени и дополнувања на Изборниот законик се постапува по решението на Уставниот суд со кое беа укинати одредбите со кои се регулираше бројот на потребни потписи за поднесување на листа за кандидати од страна на група избирачи и се предлагаат два нови членови кои ја уредуваат оваа проблематика.

Со овие измени и дополнувања се олеснува функционирањето на изборните органи и се предвидуваат формирање на нови избирачки места во оние избирачки места кои го надминуваат законскиот максимум од илјада избирачи. Се врши и усогласување со Законот за организација и работа на органите на државната управа

Европски фронт Изборен законик Левица ОДИХР парламент
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.