Нормализиран е сообраќајот на патниот правец Кочани – Штип, кај село Облешево, откако во 11:45 часот заврши протестот на оризопроизводителите, информира АМСМ.

Сообраќајната лента во правец од Штип кон Кочани, од 10:15 часот беше блокирана со 12 земјоделски машини од околу 80 до 100 оризопроизводители, а сообраќајот се одвиваше наизменично.