Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заврши распустот за учениците- почнуваат реформите во образованието

0
By Нова ТВ on January 21, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Второто полугодие продолжува со истите мерки и протоколи за заштита од Ковид-19, но и со истите дилеми за реформите коишто беа најавени минатата година, пишува Дојче веле.

По завршувањето на зимскиот распуст, учениците од утре се враќаат на настава во Северна Македонија. Второто полугодие, како што најавија надлежните, продолжува со истите мерки и протоколи за заштита од Ковид-19, но и со истите дилеми со коишто заврши минатата година. А, нив ги предизвика нацрт-концепцијата за основното образование околу која се кршат копјата. Денеска е последниот ден за праќање коментари, предлози и сугестии за оваа нацрт-концепција која е поставена на веб-страницата на Министерството за образование и наука. Најголемиот дел од забелешките досега се однесуваа на тоа дека не треба да се избрзува со реформите, кои можат да имаат далекусежни последици. „Секако дека се движиме полека“, уверува министерката за образовани Мила Царовска, која најавува дека имплементирањето на концептот ќе се спроведува етапно во наредните 6 години.

Етапни реформи

Според Царовска, измени ќе се имплементираат само во прво и во четврто одделение во текот на наредната година, по што сукцесивно ќе се додава година по година и тоа е најблагиот пристап којшто ќе биде преземен за воведување на реформите. Царовска денеска имаше средба со директори на основни училишта од секоја општина со што продолжува широкиот консултативен процес за реформите во основно образование. Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образование и членовите на работната група овој тип на дебати ги продолжуваат и наредниот период и со наставниците и со граѓанските организации и со претставници на Академијата на науки и уметности во нашата држава. Дебати ќе бидат организирани и со други засегнати страни и други универзитетски професори коишто можеби имаат сугестии во врска со концепцијата.

Царовска по средбата изјави дека концепцијата има широка поддршка од директорите, но дека како со секоја новина, постои само страв од непознатото којшто треба да се совлада. „Постои потреба и од интензивна обука на наставниците за да може да се прилагодат на новата концепција. Наша цел е темелно да ја подготвиме реформата која првпат се фокусира на најважното, а тоа е знаењето на децата“, вели таа. Министерката оценува дека реформата е започната навреме и со години трае овој процес кој сега мора да финишира, бидејќи секој ден доцнење е на штета на идните генерации.

Сериозна штета

Сенатот на УКИМ, пак, укажа дека на последната вонредна седница донеле одлука дека реформата треба да почне како пилот проект, дополнувајќи дека таа е првична идеја, за чие спроведување треба многу повеќе време. „Реформата на воспитанието и образованието е длабоко стратешко прашање и процес на перманентно преиспитување и валоризација на воспитно-образовната политика. Избрзаните и недоволно обмислени одлуки и решенија донесени од МОН, без јавна и ефективна дебата, можат да предизвикаат сериозна штета со далекусежни последици“, е нивниот став. На вонредната седница, сенаторите упатиле сериозни забелешки на нацрт-концепцијата за основно образование. Сметаат дека промените треба да се креираат и спроведуваат во согласност со карактеристиките на контекстот, односно условите во кои се реализираат воспитно-образовната работа, конкретните образовни потреби и реалните можности за нивно остварување.

Најавената реформа предизвика реакции во јавноста откако беше обелоденета идејата за спојување на дел од предметите во еден, особено спојувањето на историја и географија како еден предмет во основните училишта. Предлогот, според многумина доаѓа во чувствителен момент, кога ескалира спорот со Бугарија, токму околу историските прашања и учебниците.

Второто полугодие со исти мерки

Министерот за здравство, Венко Филипче и министерката за образование Мила Царовска денеска на состанокот со претставниците на Сојузот на средношколци, разговараа за почетокот на второт полугодие и под какви околности ќе се одвива наставата. Наставата во второто полугодие продолжува со истите мерки и препораки, како и досега. И во второто полугодие наставата во основните и средните училишта продолжува да се одвива онлајн со исклучок на учениците од прво до трето одделение кои посетуваат настава со физичко присуство во училница, согласно капацитетите на училиштата за спроведување на планот и протоколите на Министерството за образование и наука и со одобрување од родителите.

„Ја следиме епидемиолошката состојба и доколку следните месеци се покаже стабилизирање ќе донесеме други одлуки, но тоа ќе се случи откако ќе бидеме сигурни дека трендовите со намалување на новозаразени со ковид ќе продолжат“, рече Филипче.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.