Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф, заврши денеска во Кремљ, соопшти прес-службата на рускиот претседател.
Средбата траела околу три часа.
Специјалниот пратеник на американскиот претседател пристигна во Москва рано изутрината, а беше пречекан од генералниот директор на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев, по што го посетија паркот Зарјадје во Москва.