Денеска се одржа последното судско рочиште за случајот Ликвидација. На судењето обвинителството побара построги казни, а адвокатите на обвинети бараат ослободителни пресуди.
Обвинителството денеска побара построги казни, а адвокатите на обвинетите – ослободителни пресуди за новинарот Томислав Кежаровски и другите обвинети во случајот „Ликвидација“.
Адвокатот Филип Медарски, бранител на обвинетиот Кежаровски, побара новинарот да биде ослободен од обвинението бидејќи ако биде осуден, ќе биде прекршен член 10 од Европската конвенција за човекови права и член 16 од Уставот на Македонија.
Според Медарски, неговиот клиент не обелоденил идентитет на загрозен сведок и нагласи дека ако биде осуден, можеби еден ден и Судот во Стразбур ќе може да дебатира за овој случај, бидејќи е позната светската практика и се применува во сите правни држави каде што некој новинар навистина објавува идентитет на заштитен сведок, што не е случај со неговиот клиент.
Идната недела се очекува судот да ги изрече пресудите.




