Заложничката криза која од утринава со саати траеше во градското собрание во германскиот град Инголштад заврши доцна попладнево, јавува Allgemeine Zeitung.
Тројцата заложници се ослободени, најверојатно неповредени, а киднаперот беше уапсен од страна на полицијата.
Се започна во 9 часот наутро, кога еден 24-годишен човек упадна во општинската зграда па во канцеларијата на градоначалникот зароби три лица, меѓу кои беше и заменикот градоначалник, кого во меѓувреме реши да го ослободи.
>>ВИДЕО: Заложничка драма во Инголштад – Маркел ја откажа посетата
Иако се шпекулираше дека е заборен и градоначалникот и дека киднаперот е пациент од психијатриска болница, подоцна полицијата ги демантираше тие информации.
Германската канцеларка Ангел Меркел која во Инголштад требаше да одржи партиски собир, ја откажа својата денешна посета.