Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Завршија 60. Струшки вечери на поезијата

0
By НОВА ТВ on August 29, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, August 29, 2021 21:45

Со врачување на наградите „Браќа Миладиновци” за најдобра поетска збирка меѓу две фестивалски изданија на македонската поетеса Лидија Димковска за книгата „Гранична состојба“ и „Мостови на Струга” за најдобра дебитантска збирка на млад автор, на српскиот поет Владан Кречковиќ за збирката „Париз, Тексас“, вечерва на летната тераса во хотелот „Дрим“, заврши 60. јубилејно издание на меѓународниот поетски фестивал Струшки вечери на поезијата, што од 26 август се одржуваше во Струга.

Наградата „Браќа Миладиновци“ ја врачи директорот на Фестивалот Тодорче Тасевски, а „Мостови на Струга“ претседателката на Управниот одбор Елизабета Шелева.

Лауреатот на најпрестижната фестивалска награда Златен венец, британската поетеса Керол Ен Дафи, поради пандемијата со Ковид – 19, не присуствуваше во Струга и врачувањето на наградата е одложено за идната година, за кога таа најави физичко присуство.

Директорот на фестивалот Тасевски јублејното издание на најстарата поетска манифестација го оцени како успешно, земајќи го предвид фактот дека се одржуваше во услови на пандемија.

– Во услови на пандемија организиравме пристојно издание со физичко присуство на 15-тина поети и уште толку имаа поетски читања преку видео врски. Се надеваме дека ова е последно издание во пандемија и наредната година ќе организираме уште поуспешен фестивал без ограничувања, изјави Тасевски за МИА.

Покрај традиционалните поетски читања на манифестацијата имаше меморијално чествување за Богомил Ѓузел, а промовирани беа монографско издание за Блаже Конески и „Македонско поетско соѕвездие“ во чест на Георги Старделов.

Поетските читања „Мостови“ и врачувањето на наградите, традиционално се одржуваа на Мостот на поезијата, но поради пандемијата со коронавирусот и запазување на протоколите за заштита, годинава се одржа на отворената тераса на хотел „Дрим“.

Лидија Димковска Струшки вечери на поезија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.