Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Завршува рокот за поднесување кандидадатури

0
By Нова ТВ on March 8, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 8, 2013 21:13

На полноќ завршува дополнителниот рок за поднесување кандидатури за советници и градоначалници, што во саботата го изгласа Собранието на Република Македонија откако власта и опозицијата постигнаа договор за надминување на политичките несогласувања.

Од најголемата опозициска партија СДСМ најавија дека до завршување на рокот ќе поднесат кандидатури за локалните избори до ОИК. За поголем дел од општините веќе се познати имињата на кандидатите за градоначалници од СДСМ и од коалицијата Сојуз на иднината, а во завршна фаза се и изготвувањето на советничките листи. Неколку партиски општински организации синоќа веќе ги потврдиле советничките листи.

Либералната партија ќе поднесе свои листи за советници и за неколку градоначалници. Либарилте ќе поддржат и неколку градоначалници кои не се од нивните редови. Промоција на кандидатите најавуваа за сабота.

Државната изборна комисија (ДИК) го адаптираше Роковникот за работа согласно продолжувањето на роковите за доставување кандидатури. Се очекува во недела да се изврши дополнителното жребување по што дефинитивно ќе се знаат редните броеви на листите за гласање. Како што претходно појаснија од ДИК, нема да се врши повторно жребување за редоследот на кандидатите за кои веќе е извршено по првичниот рок 16 февруари, туку тоа ќе се направи само за кандидираните до 8 март на полноќ.

Се очекува утре да се знае кој ќе ги печати избирачките ливчиња. Според информациите од ДИК, понуди се испратени до печатниците „Киро Дандаро“, „11 Октомври“ и „Европа 92“. Од ДИК уверуваат дека навреме ќе биде направен изборот на печатницата што ќе ги изработи ливчињата и оти тие и покрај продолжените рокови, ќе бидат испечатени и дистрибуирани навреме.

Во меѓувреме се одржуваат обуките на избирачките органи.

За да се испочитуваат законските процедури, Комисијата за верификација на факти во сабота ќе работи во текот на целиот ден за да ги провери новите кандидатури и да се утврди дали некои од кандидатите за советници и за градоначалници биле соработници со трајните служби.

– Постапката ќе се повтори. Имињата на кандидатите за градоначалници и за советници ќе бидат доставени до четирите институции на проверка по што лустрациска која ќе ги разгледа информациите и ќе достави известување до општинските изборни комисии, односно до ДИК, објаснуваат од Комисијата.

Во дополнителните проверки на лустрациска беа откриени тројца соработници на тајните служби. Како што информира портпаролот на Комисијата Предраг Димитровски, она што е индикативно е дека овие лица ја започнале соработката со тајните служби по 1991 година.

Во меѓувреме се одвива и изборната кампања, која започна во понеделникот. Локалните избори во Македонија ќе се одржат на 24 март.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.