Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Збогум ЕУ

0
By Marija Todorovska on August 19, 2024 ИЗБОР
Џабир Дерала
Џабир Дерала
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 19, 2024 13:04

Џабир Дерала

Не беа толку лоши СДСМ колку што беше силна пропагандата, друже, ми вели дуќанџијата додека пазарев тутун и весник кај него. Ова сега ќе трае, додека не се распаднеме, рече. Падна и краток коментар за измамата на пензионерите, ветувањето од 5,000 денари што се претвори во 800 денари месечно, и тоа во форма на еднократна социјална помош во шест рати. Разговорот не траеше подолго од две минути, но сосема добро ја отслика новата македонска реалност. Неспоредливо подобро од бесмислените ТВ дебати.

Пред десетина години, еден странски новинар ме праша зошто во Македонија нема крајна десница. Како нема? – му одговорив – Па на власт е крајната десница!

По седум години во опозиција, крајната десница само се засили, па дојде на власт со досега најубедливата предност во бројот на освоени места во парламентот.

Да расчистиме. За оваа и ваква влада не се потребни 100 дена за да се види како ќе владее во останатиот дел од мандатот, а и каква јавност ќе ја придружува, односно поддржува.

Се разбира, тој успех на крајната десница се должи и на поддршката од оската Москва – Будимпешта – Белград (и други), но и на неуспехот на проевропската влада да ги спроведе реформите што можеше, а не ги спроведе. Велам, реформите што можеше, а не сите што беа во агендата – некои клучни реформи и процеси беше невозможно да се спроведат, затоа што опозицијата успеа да ги блокира, па и да ги уништи. За (не)решителноста и политичката инерција веќе пишував. (Повлекување на прогресивизмот: Испитување на влијанието на политичката инерција, апатијата и разочарувањето)

Да расчистиме. За оваа и ваква влада не се потребни 100 дена за да се види како ќе владее во останатиот дел од мандатот, а и каква јавност ќе ја придружува, односно поддржува. Веќе во првите две-три недели сите покажаа кои се, какви се и колку тежат. Всушност, иако македонската демократија е млада, имавме доволно време во овие 33 години да ги запознаеме сите политички и неполитички актери на сцената.

И да не се лажеме. Во нормално општество со минимум демократска култура и јавност, работата на изборните победници уште на самиот почеток ќе беше оценета најмалку како скандалозна. Но ова не е нормално општество. Не е потребно да се биде Магелан за да се утврди тоа. Критичкиот тон во еден мал дел од интернет медиумите може да се смета само како потврда на оваа констатација, а не како аргумент за демократско шаренило и разногласие во политичкиот дискурс на земјата.

Сега, оваа мала и сиромашна земја треба да се спреми на долго и мачно преживување, додека пропагандата ѝ го колва она малку мозок што ѝ останало.

Најзагрижувачки е што никој не зборува, а уште помалку дејствува за да го заштити основниот државен и општествен интерес, а тоа се евроинтеграциите на земјата, без оглед на тоа колку новата власт се декларира како проевропска. Се сеќавате, својата проевропска ориентација власта ја бранеше – прилично неуспешно – уште додека беше во опозиција, како и во деценијата на режимот (2006-2016). Ни изјавите како онаа на пом. државен секретар на САД, О’Брајан, дека од Мицкоски ни кола не би купил (парафразирано) не ги спречија гласачите – инфицирани со национализам и руска пропаганда – да ѝ стават јаже околу вратот на европската иднина на земјата.

Сега, оваа мала и сиромашна земја треба да се спреми на долго и мачно преживување, додека пропагандата ѝ го колва она малку мозок што ѝ останало. Наративите се тие: претходната власт е виновна за сѐ – ги уништи институциите и ја испразни државната каса, а виновна е и за скандалите што сега се случуваат и за оние што допрва ќе се случуваат; соседите (освен Србија) и Западот мора да се навикнат дека „помина времето на политичари со свиткана кичма“; ДУИ ќе ја дестабилизира државата; ЕУ е приоритет, ама под наши услови (и вмровски вредности)… Да не набројуваме понатаму, доволни беа и првите редови за двете минути во локалното дуќанче. Нема подобра анализа од онаа на луѓето кои гледаат со отворени очи и мислат со сопствена глава. А такви, за жал, има малку во медиумскиот и граѓанскиот простор.

Сѐ што е спомнато овде и сѐ што веќе јасно се гледа на хоризонтот, води кон еден заклучок. Поточно, поздрав: Збогум ЕУ.

Преземено: Цивил Медиа 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.