Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Збогум Рене: Британија се прости со Горден Кеј

0
By Нова ТВ on January 25, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Yoooouuuu stupid woman. Can you not see that….“. Ве асоцира ли ова на нешто или некој? – Можеби вака на прва не или можеби и веќе знаете на кого се однесува. Ова е изговорот на Рене Артоа, главниот лик во комедијата на „Би-Би-Си“ со 85 епизоди насловена како „Ало, Ало“, секогаш кога ќе беше уловен во компромитирачка ситуација од сопругата Едит со келнерките од кафето.

Гордeн Кеј, за жал, го напушти овој свет во понеделникот на 75 годишна возраст. Случките од неговиот локал што во серијалот беше омилено место и на Германците, но и на припадниците на Отпорот нè засмејуваа до солзи во изминатите децении.

Некои го гледале серијалот еднаш, некои без проблеми и по неколкупати и во секое ново навраќање се присетувале на веќе познатите сцени и реплики или откривале нови. Од полицаецот Кребтри и заразното „gooood morning“ што се слуша како „good moaning“ во улога што ја глуми на лош француски, преку девојките од Отпорот со „Listen me carefully, I shall speak only once“, преку неуморниот германски офицер Грубер во желбата да го повози Рене во неговиот тенк.

Наместо ИН МЕМОРИАМ за Гордeн Кеј алијас Рене Артоа споделуваме неколку интересни моменти поврзани за хит серијата „Ало, Ало“.

Покрај актерството, Гордeн Кеј се занимаваше и со пеење. Потекнуваше од Хадерсфилд, Јоркшир и има работено што се вели сè и сешто. Како дел од болничкото радио во градот во 1965 минута ја имаше честа да ги интервјуира „Битлси“. Во „Ало, Ало“ глумеше голем заводник, во приватниот живот беше декласиран хомосексуалец. Напроти него, пак, актерот Геј Синер или поручникот Грубер важеше за голем заводник во приватниот живот.

Кармен Силвера која во серијата го носеше ликот на Едит, сопруга на Рене, беше само осум години помлада од Роуз Хил или Фани, нејзината наглува мајка од горниот спрат во кафето.

Ким Хартман која ја глумеше секси Хелга, лик со продорен глас и стас, кариерата ја започна во „Белградски театар“ во англиски град Ковентри. Објектот е така наречен бидејќи е изграден од дрво што било исечено од околината на Белград и транспортирано во Англија по Втората светска војна.

Зад полицаецот Кребтри кој урнебесно лошо говори француски во серијата стоеше актерот Артур Бостром. Инаку, од целата актерска екипа, само тој течно го владее францускиот јазик.

Полковникот Фон Штром, кој е запален по „услугите“ на секси персоналот во кафето на Рене, го глуми рускиот актер Александар Моланоф. Заедно со семејството се доселил во Англија каде го земал и уметничкото име Ричард Марнер. Син е полковник во царската војска на Русија.

Сликата „Падната Мадона со големи гради“ што се појавува во неколку епизоди во заплетот на серијата „Ало, Ало“ е продадена за 4.000 фунти во добротворна акција во 2007 година.

Серијата накусо беше емитуван и во САД, но не наиде на добри реакции од публиката.

Добар дел од актерската екипа повеќе не се меѓу нас. Рене Артоа (Гордeн Кеј/1941-2017), Едит Артоа (Кармен Силвера/1922-2002), полковникот Фон Штром (Александар Моланоф/1921-2004), мадам Фани (Роуз Хил/1914-2003), Фон Смолхаузен (Луј Манси/1926-2010), мисје Алфонс (Кенет Конор/1918-1993), генерал Фон Клинкерхофен (Хилари Минстер/1944-1999), мисје Леклер (Џек Хеиг/1913-1989), капетан Ханс Геринг (Сем Кели/1943-2014) како и креаторите на серијата Џереми Лојд (1930-2014) и Дејвид Крофт (1922-2011) кои ги напишаа првите шест епизоди.

 

 

 

Ало Би-Би-Си Гордон Кеј Рене Серија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.