Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Здравев: Постапките за тројцата судии од Врховен за случајот со Кочан се во тек

0
By Нова ТВ on June 10, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Судскиот совет Киро Здравев одговарајќи на новинарско прашање во врска со постапките за тројцата врховни судии, кои заедно надгласаа двајца колеги во кривичниот совет на Врховниот суд со што му го укинаа притворот на тогаш избеганиот Сеад Кочан во врска со предметот на СЈО, рече дека тие се во тек.

-Тие постапки се во фаза на расправа, а некаде, како што сум информиран, потребно е да се изработи и извештај од комисиите врз основа на претходно спроведената расправа, рече Здравев пред денешната седница на Сускиот совет.

Додаде дека уште на почетокот кога бил избран за претседател на Судскиот совет кажал дека постапките по сите предмети кои претходно се оформени пред Советот ќе продолжат.

Здравев рече дека денеска ќе се расправа за три нови барања за судии и за нив потребно е да формираат комисии.

– По однос на постоечките барања со оглед на тоа што на одредени членови на СС им престана мандатот ние котиравме нови членови кои продолжуваат со работа по барањата за утврдување на одговорност на судиите, рече Здравев.

Посочи дека се работи за тројца судии, и од аспект на заштита на личноста и интегритетот на судиите не може по сила на законот да каже прецизно за кои судии се работи.

-Како претседател немам ингеренции да преземам било какво дејствие од причини што согласно Законот за судовите се формирани комисии, кои се надлежни да ја водат расправата. Сите постапки се во тек. Се работи по сите постапки независно дали е во прашање Киро Здравев, Јово Вангеловски или било кој судија. По сите предмети се постапува и се земени во работа, додаде Здравев.

На новинарско прашање тој одговори дека не постојат законски пречки да се одржува расправа без присуство на судија за кој е поднесено барање за утврдување одговорност и е уредно поканет, а својот изостанок на расправата не го оправда.

–  Немам намера ниту како судија, а уште помалку како претседател на Судскиот совет да штитам некој судија од било какви причини. Во прашање е објективноста и непристрасноста, не само на судиите, туку и на било кои членови и на претседателот на Судскиот совет во сите предмети, рече Здравев.

Судскиот совет на денешната седница ќе одлучува и за осомничениот судија од Управниот суд, Мустафа Шаини за кого се води истрага за злоупотреба со предмети за денационализација.

–  Судскиот совет постапува во рамки на неговата надлежност утврдена со Законот за судовите. Значи тој одлучува за одземање на имунитетот на судијата и дава согласност за притворање. Судскиот совет не определува притвор, нема таква надлежност, ниту согласно Уставот, ниту согласно Законот за судовите и Законот за судски совет, вели Здравев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.