Здравствената состојба на поранешниот израелски премиер Ариел Шарон, 85, кој е во кома од 2006 година, е влошена, изјави во средата портпаролот на Шеба Медицинскиот центар, Амир Марон, јавува Си-Ен-Ен.
“Во последните неколку дена има влошување во здравствената состојба на Ариел Шарон”, рече Марон.
Шарон беше премиер на Израел од 2001 се додека доживеа мозочен удар во 2006 година. Оттогаш, тој е во вегетативна кома. Претходно, беше министер за одбрана на Израел, од 1981-1983, инаку Шарон е пензиониран генерал. Неговиот прекар е Булдожер.