Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Здравствениот систем оптоварен со ковид пациенти, активни 21.265 случаи, вакцинирани 13.000 граѓани

0
By Нова ТВ on April 7, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 7, 2021 09:00

Дополнителни рестриктивни мерки за заштита од натамошно ширење на Ковид-19 се во сила по огромниот наплив на пациенти во болниците во изминатиот период, каде  моментно се хоспитализирани 1.744. Надлежните велат дека интервенирале со ангажирање дополнителни одделенија, инсталирање кислород, екстра кадар по системот на ротација за да се одржи здравствениот систем и за секој пациент да се обезбеди болнички кревет. Тековната недела надлежните ја окарактеризираа како критична во однос на натамошното ширење на вирусот во третиот бран, во кој се регистрирани голем број заразени и починати.

Според податоците на Министерството за здравство, бројот на активни случаи во државава достигна 21.265. Во претходното деноноќие, беа регистрирани нови 1.259 случаи на коронавирусот од направени 4.555 тестирања. Починаа 45 лица, а оздравени се 751 пациент.

Во меѓувреме и вчера продолжи масовната вакцинација против Ковид-19 во салата „Борис Трајковски“ и во сите здравствени домови ширум државата. Од близу 2.800 веќе закажани граѓани, 2.500 се вакцинирале.

Министерот за здравство Венко Филипче укажа дека сега сме во период кога е навистина оптоварен здравствениот систем, а пред нас се празници.

– Имајќи го предвид искуството од минатата година кога ваквите празници конкретно рамазанските пости и Велигден во истиот период, сериозно ја искомплицираа и ја усложнија епидемиолошката ситуација, сметаме дека доколку тоа сега се случи со веќе оптоварен здравствен систем, тоа ќе биде кризна ситуација што тешко ќе се менаџира. Тоа е причината за воведувањето дополнителни рестриктивни мерки со цел овој трет и досега најсилен бран на Ковид-19 на некој начин забрзано да го завршиме. Верувам дека граѓаните ќе се придржуваат до сите овие мерки. Мора да сме свесни дека со сопственото однесување, одговорност, носењето маска и одржувањето дистанца придонесуваме за што пократко време да заврши и овој бран, изјави Филипче.

Тој потенцира дека оптимумот, бројот кој сакаат да се постигне е да имаме околу 7.000 вакцинирани граѓани на ден. Филипче информира дека вчера немало никаков проблем околу вакцинирањето и издрази надеж оти така ќе продолжи и во следниот период.

Филиче истакна дека близу 13 илјади граѓани се вакцинирани заклучно со завчерашниот ден и освен два случаи на колапс, кои, како што рече, што не се поврзуваат со вакцината, туку веројатно станува збор за страв и панични напади, тука во салата „Борис Трајковски“, други несакани ефекти нема.

Во однос на досега вакцинираните, министерот посочи дека нема препорака дека нешто треба да се прави по добиената вакцина, како превенција или некои контролни прегледи.

Над 90 проценти од сите здравствени работници, кои што работат со ковид веќе се вакцинирани и ревакцинирани, а околу 20 проценти на веќе закажани граѓани не се јавуваат на пунктовите за вакцинација. Во однос на вакцинирањето на припадниците на МВР и Армијата, според Филипче, имало голем интерес и согласно расположливите вакцини, а приоритетни групи во Армијата и во полицијата ќе бидат тие коишто се најекспонирани и имаат најмногу контакти во текот на денот.

Во останатите институции се пријавуваат вработените над 50 години кои имаат одредени коморбидитети и така се регрутирале пријавените од МТСП, вработените во градинки, од МОН – наставниците од прво до трето одделение.

Освен некои од информациите на социјалните мрежи, Филипче рече дека досега не виделе силна антиваксерска кампања.

– Апелирам граѓаните да се свесни дека ова е единственото оружје со кое ние ќе ја смениме сликата за пандемијата. Не само кај нас, секаде во светот. Сите вакцини се безбедни. Таму, каде што има сомнежи, сме внимателни и чекаме соодветни препораки и мислења, и ова е единственото нешто кое што можеме да го направиме да го зачуваме сопственото здравје, рече министерот за здравство Филипче.

Во болниците низ земјава хоспитализирани се 1.744 ковид-пациенти и има околу 230 празни болнички кревети. На инфективните оддели во Скопје се лекуваат 692 лица сомнителни и потврдени за КОВИД-19.  Во ковид центрите во другите градови, пак, се лекуваат вкупно 1052 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, најмногу во Прилеп 145, во Струмица 116, Охрид 105, Велес 103, во Куманово и Штип по 93 и Кавадарци 73 пациенти.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата во земјава изнесува 136.426, на оздравени е 111.139, а на починати 4.022. Досега во земјава се направени вкупно 647.559 тестирања за Ковид-19.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.