Кога и самиот премиер јавно призна дека се работи за масовно убиство и дека нема да има милост – тогаш е време сите институции да престанат со калкулации и одложувања.
Доста е молк!!
Доста е игра со болката на народот и со споменот на нашите деца.
И доста е со јавниот линч врз родителите!!
Наместо да ги напаѓате тие што изгубија сè, погледнете ги оние што ја создадоа оваа трагедија!
Масовно убиство не се прикрива.
Не се релативизира.
Не се заборава.
Се бара правда — целосна, јасна и брза.
Ништо помалку од тоа.
Сè друго е соучесништво.
А ние нема да престанеме, додека последниот виновен не одговара.
Извор: Фејсбук

