Published: Tuesday, November 19, 2013 15:53
Кривичниот суд покренал иницијатива во Здружението на судии по, како што тие ги доживеале, нападите на новинари и медиуми врз интегритетот на судиите. Здружението се стави во одбрана на судот упатувајќи писмено соопштение денеска во кое посочуваат дека критиките на адреса на Кривичниот суд во медиумите биле неприфатливи.
Погледнете го интегрално соопштението.


Кривичниот суд влезе во конфронтација со новинарите уште при притворањто на новинарот Кежаровски кога Иницијативниот одбор бараше новинарот да се брани од слобода. Судот во неколку наврати им се обрати на новинарите преку писмени соопштенија тврдејќи дека тие вршат притисок врз независното судство.




