Министерот за здравство Венко Филипче ги повика граѓанските организации да ги монитирираат јавните набавки заради ризик од корупција и непотизам. Колку може да биде пресудно нивното влијание во донесувањето на одлуките? Дали здруженијата на пациенти се спремни за ова, ќе преземат ли одговорност во случај на нерегуларности? Ќе побараат ли од министерот да има лекови за сите?

Тие бараат стручни лица да влезат во комисиите за јавни набавки заедно со нив, како и системски решенија бидејќи краткорочните ги плаќаат со живот пациентите. Кога ќе престане дискриминаторската политика со која за некои пациенти има лекови, а други се осудени на смрт? Дебатираат, Весна Алексовска -Здружение за ретки болести„Живот со предизвици“, Наташа Деспотовска Димитриевска -Здружение за детски дијабетес„ Баланс МК“,  Александар Петровски-Здружение на граѓани „Раст“, Пепо Леви Здружение на пациенти со хронична миелочна леукемија(ХМЛ)