Мухамед Зекири, главниот уредник на Алсат-М, на својот фејсбук-профил побара надлежните да реагираат за изјавите на новинарот Драган Павловиќ – Латас, кој во синоќешните вести на телевизија Сител, зборувајќи за лидерот на СДСМ, Зоран Заев, рече дека да му се даде власт на амнестиран политичар е исто како на амнестиран педофил да му се даде дете на чување.
„МВР ќе поднесе ли преставка сега до СРД или по ново Агенцијата за електронски медиуми за Сител односно Латас кој тресе што му текне … или пак за МВР тоа се повици за соживот, меѓусебна толеранција, зголемување на етничка (не) трпеливост… да не збориме за навреди кон неговите неистомисленици. Ако не на МВР, ќе му текне ли на Зоран Трајчевски да свика посебна седница како што свика за Алсат-М под притисок на Јанкулоска и да заземе став по ова прашање? …“, напиша тој на неговиот профил.
Во вчерашното издание на вестите на Сител, новинарот Павловиќ рече:
– Само ние и само сега, никој друг во Европа, имаме пример на амнестирано лице, Зоран Заев, шеф на партија кој претендира да даде премиер во наредната влада доколку победат, значи лице амнестирано за криминал од 8 милиони евра, да побара доверба од граѓаните да му ги дадат јавните пари на целата држава и владата, за тој да ги води. Тоа е исто како на амнестиран педофил да му ги дадете своите деца да ги чува додека вие одете на одмор




