Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зеколи: Без попис државата губи кредибилност и релевантност

0
By Нова ТВ on June 20, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 20, 2014 13:46

Пописот на населението е исклучително значајна операција за една држава и тој ни оддалеку не се исцрпува со етничкото пребројување на населението. За статистичарите и демографите, пописот претставува најобемна и најсложена статистичка операција, која се спроведува според препораките на Обединетите нации (ООН) и Евростат.

Целта на пописот е да обезбеди целосни, квалитетни и реални податоци за населението, домаќинствата и живеалиштата.

Македонија е единствена држава во Европа која нема спроведено попис веќе 13 години. Неговото натамошното одложување штетно влијае врз угледот на државата, но уште повеќе го оневозможува планирањето и спроведувањето успешни развојни политики во сите сфери на општеството.

Без попис нема успешни политики во економијата, енергетиката, инфраструктурата, здравството, образованието, социјалата, руралниот и регионалниот развој, земјоделството. Исто така, пописот претставува и основен предуслов за реален избирачки список.За тоа говори и аналитичарот Арсим Зеколи.

Зошто пропадна пописот во 2011-та? Кое е вашето мислење?

Не би рекол дека има само една или две причини, туку е повеќе склоп на околности кои не беа поволни за владејачките партии. И двете парии настапија со агенда да се одреди бројот на етничките заедници, односно бројот на граѓаните според етничка припадност, агенда врз основа на која ќе можат да си ги кројат плановите за партиски политики. На тоа се надолни и потполно партизираната и непрофесионална администрација надлежна за спроведување на пописот и така целата операција стана дел од сцената партизирани интереси кои се прикажуваат како административни процедури.

Што губи државата со тоа што нема спроведено попис?

Една нормална држава, со неспроведување попис губи многу. Една држава, ставена во абнормална ситуација со овој начин на владеење, не губи премногу на краток рок, но на долг рок губи кредибилност и релевантност на меѓународна сцена заради тоа што не е способна да определи службени податоци за сопствените состојби, нема точна претстава за трендовите на развој, нема претстава што се случува во подрачјата во општеството во кои што се потребни корекции или зајакнувања или градење нови профили кои ќе ја унапредат сеопштата општествена состојба. На меѓународен план, сите податоци кои се земаат за нашата земја се ставаат под сомнеж. Може да ви илустрирам со ситуацијата во Туркменистан, каде што меѓународните организации имаа големи резерви кон податоците кои се претставуваа од страна на државните органи, заради тоа што се беше ставено во функција на државата, а не во функција да се прикаже реалната состојба во општеството.

Дали сметате дека може да има алтернативни начини за собирање на важните податоци кои обично се добиваат од пописот и кои се тие доколку има?

Алтернативните начини веќе постојат. Во една строго партизирана држава со пренагласен акцент на улогата на полицијата, верувам дека органите на безбедноста ги имаат податоците за севкупното население, но може да кажам дека за 90 отсто од населението имаат конкретни податоци. Всушност, тоа може да се примети и во секој изборен циклус, кога на чуден начин партиите знаат кој како ќе се ориентира, па дури и за членовите од семејствата тоа им е познато. Тоа е машинерија во функција на произведување изборен продукт наменет за политичките партии. Верувам дека во овој момент, Владата или институциите, поточно кажано полицијата, имаат податоци за точниот број население, бројноста по етничка основа, по верска основа, партиска основа. Истото важи и за економскиот сектор и за социјалната слика во земјава. Но тоа се податоци за политичка употреба и злоупотреба, а не научно статистички прифатливи параметри кои ја даваат точната и прецизна крвна слика на општеството.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.