Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зелен хуман град: Од рудникот Крстов Дол веќе демнат опасности – со ново ископување може да се загадат почвата и храната

0
By Zoran Ivanov on April 9, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 9, 2026 16:54

Поради рударските операции во „Крстов Дол“ има зголемено ниво на тешки метали во водата, при што Sb (антимон) достигнува пет пати поголема вредност од препорачаната од Светската здравствена организација кај вдлабнатините и под браната за јаловина.

ВМРО повторно во рударска мисија. Малку е што сме втора најзагадена земја во Европа па Мицкоски поданички сака да дозволи ново труење во име на „стратешки дијалог“. Мицкоски сака да дозволи на американска компанија да ископува антимон во стариот рудник „Крстов Дол“, каде што во 60-тите и 70-тите години од минатиот век се копало и преработувало антимон, реагираат од иницијативата „Зелен хуман град“, откако беше објавено дека ќе се рестартира стариот рудник во кривопаланечкото село Луке.

За жал, македонските власти се заинересирани само за отварање на нови еколошки жаришта, додека старите не се санирани и сè повеќе се деградираат и нè трујат. Имено, рудникот Крстов Дол иако не работи повеќе од 50 години, јаловината од поранешната експлоатација и понатаму е извор на загадување на површинските води. Главни загадувачи се арсен (As), антимон (Sb) и талиум (Tl), се вели во реакцијата.

Според „Зелен хуман град“, краткорочната изложеност на висока концентрација на овие токсични елементи може да предизвика гадење, повраќање, дијареа, силна абдоминална болка, срцеви аритмии и во екстремни случаи смрт.

Додека последиците од долгорочна изложеност на ова еколошко жариште се рак на кожа, бели дробови или мочен меур, кожни промени (потемнување, задебелување), оштетување на нерви (трнење, слабост), кардиоваскуларни болести или дијабетес тип 2“, посочуваат од иницијативата.

Сите овие опасности веќе нè демнат од јаловината на стариот рудник, сметаат оттаму, но ако се дозволи ново ископување на антимон ќе има акумулирање во почвата, а потоа, велат тие, растенијата може да го апсорбираат и ќе влезе во синџирот на исхрана.

Последиците од ова би биле намалена плодност и потенцијално токсична храна. При ископ и дробење на антимон се создава фина прашина што ако се вдише може да предизвика разни здравствени последици на белите дробови. Како производ на ископувањето на антимон ако се користи флотација се создаваат огромни количества на отпад хидројаловина што се складира во брани. Ако браната за хидројаловина протече или пукне може да дојде до катастрофа! Низ светот има примери од огромен број на уништени екосистеми од рудници и тоа најчесто се случува во корумпирани/сиромашни земји како нашата, нагласуваат од „Зелен хуман град“.

Според еко-активистите, веќе постои извештај дека кај Крстов Дол има три брани со хидројаловина, од кои две во критична состојба.

Браната со хидројаловина 1 е опишана како близу до флотациската постројка и е веќе натрупана над нејзиниот насип, поради што може да се прелее при обилни дождови. Браната со хидројаловина 3 се наоѓа покрај речната рамнина каде што, доколку се појават поплави, јаловинските материјали лесно се измиваат. Во извештајот се вели дека е „критично“ трите брани со хидројаловина да почнат да истекуваат кон долниот тек доколку дојде до обилни дождови, посочуваат оттаму.

Воедно, дополнуваат тие, според истиот извештај поради рударските операции во „Крстов Дол“ има зголемено ниво на тешки метали во водата, при што Sb (антимон) достигнува пет пати поголема вредност од препорачаната од Светската здравствена организација кај вдлабнатините и под браната за јаловина.

Инаку, на локацијата ќе работи „Пела глобал лимитед“ (Pela Global Limited)“, фирма во сопственост на Австралиецот со македонско потекло Ник Јовановски, чија главна стратешка цел е наоѓање злато, сребро и антимон во земјава. Фирмата веќе е инсталирана и длабоко навлезена во бизнис водите во државава поврзани со минералите и енергетиката.

Пела глобал лимитед“ и американската ДФЦ (U.S. International Development Finance Corporation) во Вашингтон потпишаа договор за финансиска поддршка во износ од 5 милиони долари, наменети за истражување на критични минерали во Македонија, за што се пофали и премиерот Христијан Мицкоски, најавувајќи дека антимон ќе се експлоатира од Кривопаленечко и ќе се носи во Америка, како дел од Стратешкиот дијалог со САД.

Извор: Слободен печат.мк

зелен хуман град крстов дол рудник
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.