Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Зелена револуција“ пред парламентот

0
By Нова ТВ on January 31, 2020 ВЕСТИ
Фото: plusinfo.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

.Предлог закон за Јавното обвинителство, измени на собранискиот Деловник, ратификација на Протоколот за членство во НАТО. Ниедна од овие теми кои треба да го поминат собранискиот филтер пред неговото распуштање на 12-ти февруари, не е во фокусот на активистите против аерозагадувањето. Под мотото „Стоп за увоз на опасен отпад“, младинското движење за климатска правда „Петоци за Иднината“, денеска во 15 часот ќе организира протест пред Собранието и ќе побара средба со претседателот на парламентот, Талат Џафери, за да добие објаснување зошто донесувањето на законот за отпад континуирано се одложува.

„Дворските игри кои партиите ги играат во парламентот под превез на преговори за законот за отпад е најнов доказ дека чистиот воздух за нив е небитен кога ги загрозува профитите на големите бизниси, како тој за увоз на опасен отпад. Во ноември минатата година, коалицијата „Зелен Фронт“ најави дека неисполнување на барањата, меѓу кое клучно беше носење на закон за отпад до крајот на 2019 година, ќе биде повод за граѓанска непослушност“, порачаа од движењето.

Фото: slobodnaevropa.mk

Неговите активисти со симболично седнување на улица, денеска ќе ја претстават „чекалницата” во која се наоѓаат граѓаните додека да се донесе решение за секојдневното труење од согорување на отпад.

„Ќе седиме, но не со скрстени раце, затоа што долгата битка, која минатата есен ја нарековме зелена револуција, продолжува во 2020 година. Во ноември лани од власта побаравме да донесе нов закон за увоз и третман на отпад до крајот на годината. Пратениците почнаа да се занимаваат со овој ургентен проблем дури при крајот на јануари, и продолжуваат бараат изговори за да не го исполнат барањето. Овој протест е насочен кон нив“, најавија тие. Денеска ќе се обидат да извршат нов притисок врз пратениците.

Забрана на увоз на отпад што се користи како извор на енергија

Тие не се единствените кои бараат построга регулација на таа сфера. Предлог-закон за управување со отпад, со кој треба да се забрани увоз на отпад што се користи како извор на енергија, предложи и партијата ДОМ, со барање итно да донесат законските измени, по скратена постапка. Пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска, која е една од предлагачите на законските измени, уште по скандалот во Бугарија со увоз на сомнителен отпад од Италија, изјави дека е јасно зошто се потребни тие измени.

Фото: civilmedia.mk

„Би било срамно да се одложи расправата за овој предлог-закон. Очекуваме поддршка бидејќи повеќе од очигледна е неговата важност, особено по скандалот во Бугарија. На сите им е јасно дека со отпадот треба да се работи максимално внимателно, а нашата држава, за жал, нема институции што ќе гарантираат целосна контрола. Закони има, а не се постапува. Зошто? Одговорот најверојатно лежи во корупцијата“, изјави Поповска.

Заменик-министерот за животна средина, Јани Макрадули, уверува дека во земјата не се внесува опасен отпад.

„Во државава не се депонира странски отпад кој е забранет со закон. За тоа Министерството не може и не издава дозвола. Единствено може да се увезе отпад за да се обработи, да се рециклира и да му се даде додадена вредност“, изјави Макрадули.

Инспекциски надзор за смирување на јавноста

Фото: moepp.gov.mk

Пред два дена, Државниот инспекторат за животна средина во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање и Царинската управа, изврши вонреден инспекциски надзор над пратка со отпад запрена на граничниот премин „Богородица”, чија дестинација била фабриката за цемент „Усје” во Скопје. „Усје“ има соодветни дозволи за увоз на отпад и оттаму велат дека увезуваат 4.400 тони годишно или само 4% од квантумот за кој поседуваат дозвола – 50.000 тони за една календарска година. Примероците кои се земени при вонредниот надзор ќе одат на испитување во референтна лабораторија за да се провери содржината на увезениот отпад.

Според Макрадули, додека се анализира отпадот, тој може да стои на царински терминал и нема да се користи сè додека не стигннат резултатите од анализата.

„Камионите нема да се пропуштаат додека не стигнат анализите. И пред два-три месеци кога имаше контроли, не беа најдени неправилности. Но, во интерес на смирување и во општ интерес на здравјето на граѓаните, ние сакаме да покажеме сигурност и капацитет на функционирањето на институциите“, рече Макрадули.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ вчера побара од претседателот на Собранието, Талат Џафери, да ја продолжи 130. собраниска седница на чиј дневен ред се наоѓаат измените на Законот за управување со отпад.

„Зелена револуција“ протест Собрание Увоз на отпад
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

ВЕСТИ October 7, 2025

По убиството на судијата во Албанија, кого еден обвинет вчера го застрела во срце во…

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

October 7, 2025

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.