Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зеленски до САД и ЕУ: Ова не е пинг-понг, станува збор за човечки животи, донесете ја побрзо одлуката

0
By Соња Крамарска on March 9, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: ft.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека заканата за неговата земја е „на максимално ниво“, но потврди дека и одговорот на Украина е исто така највисок.

Додека војната веќе трае две недели и милиони цивили ја напуштаат земјата, Зеленски рече дека украинската армија ги надополнува воените арсенали со оружје и залихи запленети од Русите во борба.

„Нашата војска успеа да го надополни арсеналот на муниција со многу трофеи земени на бојното поле. Непријателските тенкови, оклопните возила и муницијата ќе работат за нашата одбрана, нашиот живот, нашата земја. Што може да биде попонижувачко за противникот? Ќе се бориме против непријател со неговото оружје, покрај нашето“, рече Зеленски.

Зеленски, исто така, упати апел до руските војници, говорејќи на руски: „Заминете“. Зошто сте тука? Можете да се спасите само ако заминете. Вие ни ги земате животите и ги губите вашите. Да ја завршиме оваа војна и да се вратиме на мирот“, рече тој во пораката до руските војници.

До меѓународната заедница Зеленски упати порака уште еднаш: „Затворете го небото. Испратете ни авиони за да избегнеме масовна хуманитарна катастрофа. Украина им го кажува ова на своите партнери од првиот ден на војната: Ако не го затворите небото, ќе бидете одговорни и за оваа огромна хуманитарна катастрофа“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател обвини за руската употреба на ракети и хеликоптери против цивили, градови и инфраструктура.

„Слушајте, ние сме во војна. Немаме време за овие медиуми, за сигналите… ова не е игра на пинг-понг. Станува збор за човечки животи. Ве молиме уште еднаш: донесете ја вашата одлука брзо. Не ја префрлајте одговорноста еден на друг. Испратете ни ги авионите“, апелираше тој уште еднаш до меѓународните партнери.

 

 

Володимир Зеленски ЕУ САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.