Kијив: Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина не може да го прекрши својот устав поради територијални прашања. Тој додаде дека „Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите“.
Коментирајќи ја одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска на 15 август, Зеленски рече дека Украина е подготвена за вистински решенија што би можеле да донесат мир. Но, додаде дека секое решение без Киев би било решение против мирот.