Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зеленски од Кримскиот самит во Загреб: Украинското знаме повторно ќе се вее на Крим, Крим ќе биде ослободен

0
By Соња Крамарска on October 25, 2022 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Ви благодарам на сите. Ви благодариме што ги поддржувате Украина и Крим. Нашите заеднички вредности не обединија на последниот самит. Тоа недостасуваше во 2014 година, кога Русија ја започна својата луда агресија. И по речиси осум години, сите земји ги чувствуваат последиците на таа агресија. Сите тие страдаат, светот губи. Причина за сето ова е окупацијата на Крим во 2014 година“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето преку видео врска на Кримскиот самит во Загреб.

Според Зеленски, Русија може да предизвика глад во светот.

Тој истакна дека Крим е стратешка тврдина, а светот стана место на уцена. „Русија сега го уценува целиот свет. Русија тврди дека Крим е нивен од 2014 година, но сега сме тука да покажеме дека тоа што се случи на Крим е привремено, окупација. Украинското знаме повторно ќе се вее на Крим. Крим ќе биде ослободен, дури тогаш светот ќе почувствува дека е безбеден и дека војната е завршена. Кога повторно ќе се вее нашето знаме, ќе се знае дека човековите права ќе бидат вратени“, рече Зеленски.

Тој информираше и дека присуствувал на конференцијата во Берлин за обнова на Украина.

„Откако ќе победиме, ќе ја обновиме нашата Украина, цела Украина, нејзината инфраструктура, нејзиното културно наследство. Ни требаат три работи во овие тешки времиња: воена поддршка, финансиска поддршка и санкции. Ве замолувам да го сторите тоа, што е можно посилно, тоа е основата за идниот мир. Подоцна, кога ќе го вратиме Крим, ќе ни треба вашето искуство за да го направиме Крим нормално место за живеење. Нашата соработка мора да се одржи откако ќе ја вратиме територијата“, истакна украинскиот претседател.

 

Володимир Зеленски Кримски самит во Загреб
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.